Љубовна драма: Гостиварец пpетепан од бившата љубовница Црногорка

Љубовна драма се случила во Гостивар, каде жена на возраст од 29 години заврши во полиција, откако го претепала бившиот љубовник. 

Полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар, вчера во 18 часот и 45 минути ја привеле Ј.Ш., државјанка на Црна Гора, затоа што таа претходно нападнала 39-годишен жител на гостиварско село, со кого порано била во љубовна врска. Ј.Ш. го нападнала мажот со стаклен предмет.

Жената е задржана во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава. 

Слична содржина

Татко си ја y6ил двегодишната ќерка, а потоа се cамоyбил – УЖАCНИ ВЕСТИ ОД СРБИЈА

Незапамтена трагедија се случила во Вршац, Србија кога таткото, триесет и петгодишниот Марко.Б. во вторникот попладне, ја yдавил својата двегодишна ќерка, а потоа се обесил, објавија српските медиуми.

Трагедијата се случила околу 14 часот и 20 минути во стан на улицата Војнички трг во Вршац. Истрагата е во тек, а мотивот се уште не е познат. Се дознава дека се работи за наpушени семејните односи.

Според првите резултати од истрагата, таткото го yдавил девојчето во кофа со вода, а потоа се о6есил.

Таткото и мајката на у6иеното дете биле во процес на развод, а Центарот за социјална работа и покрај противењето на мајката наредил таткото да го види детето.

Мајката во полиција пријавила дека сопругот и испратил порака во која најавил дека ќе се убие себеси и детето.

Веднаш штом ја прочитала пораката, жената повикала полиција, но веќе било доцна. Трагедијата се случила во семејната куќа на улицата Војнички трг во Вршац.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде