Млад скопјанец вчера бил ранет од огнено оpужје вчера на булеварот „Словенија“ во градот, а засега е нејасно кој го заcтрелал, соопшти МВР.
„На 09.10.2022 во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оpужје бил донесен Д.Н.(29) од Скопје.
Претходно, во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Словенија” се слушнале иcтрели од огнено оpужје,
по што полициски службеници излегле на местото и пронашле неколку чаури и еден неиспукан куpшум“, се вели во полицискиот билтен.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Илустрација
Слична содржина
На 8.10.2022 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(37) од с.Арачиново, скопско.
Тој се сомничи дека во 12.40 часот во с.Арачиново, заедно со Е.Н.(24) и И.И.(34), и двајцата од с.Арачиново,
по претходно недоразбирање околу сообраќајот физички го нападнале А.З.(35) од с.Арачиново, а употребиле и тврд предмет и пишт0л, при што му го оштетиле возилото.
Тие, пyкајќи го оштетиле и возилото на неговиот татко Б.З.(62).
Повредени лица нема, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува поднесок.