Ковачевски откри од кој месец ќе почне исплатата од 3.000 денари месечно за ранливите категории граѓани

Во однос на тоа за викенд без ДДВ, премиерот рече дека во претходниот таков викенд во ковид-пандемијата наместо храна се купувало повеќе техничка опрема,

но наведе дека ако анализите покажат дека е потребно, тогаш повторно ќе има таква мерка.

За да може да почне примената на овие антикризни мерки, според најавата на премиерот Димитар Ковачевски во неговото вечерашно гостување на ТВ 24, ќе се подготвува нов закон кој ќе треба да помине и во Собранието.

„Денеска на Влада донесовме одлука да се подготви закон за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани во време на криза.

Намерата е од ноември да почнат исплатите на финансиските средства за овие категории на граѓани, 41 878 од ранливите категории и на 130 000 од категоријата на пензионерите.

Се опфаќа поширок спектар на граѓани. Од ноември е планот да почне. Јас се надевам дека политичките партии и сите пратеници во Собранието ќе

бидат на висина на својата задача и дека веднаш, штом ќе биде во текот на оваа недела доставено законското решение, ќе влезе во собраниска процедура и ќе биде одобрено“, рече Ковачевски.

Помошта за пензионерите како што беше објаснето вчера, ќе биде 6 000 денари (по 1 500 денари месечно) за оние кои земаат пензија до 11 525 денари, како и 3 000 денари за тие со пензии од 11 525 до 14 000.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде