Тажна вест утрово ја потресе Македонија: Почина познатата универзитетска професорка на Правниот факултет, Татјана Петрушевска

Почина универзитетската професорка и експерт по меѓународно право, професор  д-р Татјана Петрушевска.

Таа имаше 55 години и беше редовна професорка на Правниот факултет во Скопје.

Петрушевска предаваше меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали,

дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија,

заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на Европската унија и на Соединетите американски држави.

Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде