Орбан имал средба со Путин: Откри шокантни детали за Украина

Во пресрет на почетокот на специјалната воена операција, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека има намера да ја спречи Украина да влезе во НАТО, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за весникот Берлинер цајтунг.

– Бев во Москва на 5 февруари и Путин ми рече дека ќе направи се за Украина никогаш да не влезе во НАТО – изјави премиерот на Унгарија.

Освен тоа, Орбан смета дека поранешната германска канцеларка Ангела Меркел би успеала да го спречи конфликтот во Украина.

Според него, таа и претходно се покажала како силен лидер, кога во 2014 година успеала да спречи избувнување на сериозен конфликт.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари најави почеток на воената операција за демилитаризација на Украина.

Обраќајќи им се на сограѓаните, тој рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките од Донбас се обратија до Москва за помош.

Путин истакна дека целта на операцијата е „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.

За ова, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“ и да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства врз цивилите“ во Донбас.

Извор: Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде