Не издржа ниту една недела: Оштетен бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Скршена таблата на која стоеше испишано името на неодамна отворениот бугарски клуб во Охрид „Цар Бори Трети“. 

Случајот за OhridNews го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски кој вели дека е пријавено оштетување на таблата со натписот на името на здружението над просторијата на клубот.

Околу 12.45 часот е добиено известување за оштетен дел со натпис на името на здружението над просторијата на клубот. Дел од таблата е оштетен.

Во моментов СВР Охрид врши увид на местото и ќе работи на расветлување на случајот, вели Димоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде