Необичен случај: Скопјанец пријавил дека го тепале, па подоцна полицијата него го уапсила

24-годишен жител на Скопје вчера пријавил дека неколку лица го нападнале кај Бит-пазар, за неколку часа подоцна и самиот да биде уапсен поради агресивно однесување и навреди што ги упатил кон полицајци, соопшти МВР:

„На 11.10.2022 во 17.22 часот во Полициска станица Бит Пазар, Р.Р.(24) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот на подрачјето на Бит-пазар бил физички нападнат од неколку лица, од кои едно од нив употребило остар предмет.

Подоцна, околу 22.40 часот на подрачје на Бит-пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.Р., затоа што агресивно се однесувал и упатувал навреди кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, се вели во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.

Слична содржина

Тинејџер преплашил сограѓанка: Се обидел да ја ограби, полицијата му влегла дома

На 02.10.2022 околу 20:10 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 19-годишниот гостиварец А.М..

Тој се сомничи дека на 24.09.2022 со употреба на сила се обидел да одземе паричник од 45-годишна гостиварка.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде