Детална временска прогноза: Еве какво време не очекува за викендот

Од утре се очекува во текот на денот облачноста да се намали, а врнежите да престанат додека за викенд, односно во сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

Облачно време со повремени врнежи од дожд, најавува УХМР за денеска. Врнежи ќе има прво во западните, а потоа и во останатите делови од земјава.

Во попладневните и вечерните часови исто така ќе паѓа дожд на повеќе места.

Кога станува збор за температурата, минималната ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од утре, пак, се очекува во текот на денот облачноста да се намали, а врнежите да престанат додека за викенд, односно во сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде