Дарко Лазиќ го прослави роденденот, а најголемо внимание привлече неговата сакана Катарина (ФОТО)

Пејачот Дарко Лазиќ ужива во врската со новата девојка Катарина, а со неа само што го прослави 31-виот роденден.

Сепак најголемо внимание на неговиот роденден привлече неговата сакана.

Лазиќ роденденот го прослави во кругот на блиските пријатели, а како некој што сака убави моменти и забави, овојпат не штедеше пари за славење.

Се изобилуваше со храна, пијалок и луксуз, а гостите беа расположени уште од самиот старт.

Катарина се појави во црн фустан со длабок шлиц кој целосно ја истакна нејзината извајана фигура, високи потпетици и елегантни ракавици на рацете,

а Дарко се трудеше максимално да се вклопи во стајлингот на новата девојка, а сите ги воодушеви со црна елегантна комбинација.

Се зборуваше дека Дарко бил дарежлив кога е во прашање подарокот за роденденот на Катарина, а она што се знае е дека и таа се отвори и на пејачот му приреди незаборавно изненадување, но и скап подарок.

Да потсетиме, Дарко и Катарина беа во врска пред 13 години, а како што истакна Лазиќ, нивното обновување на врската било судбина.

Парот не ја крие среќата и љубовта, а не е исклучено и наскоро да „рипнат во тавче“. Во продолжение погледнете ги фотографиите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде