уѓе, па вие “најдовте мана„ на една сторија на која што цел еден професионален тим работеше повеќе од година дена. Сторија која што толку добро беше сработена од страна на ИРЛ што моравте да лепите етикети и да активирате ботови по социјални мрежи во обид да се дефокусира. Па секако дека ќе најдете мана на сторија која е составена за еден ден.
Знаете зошто млади новинари многу ретко се одлучуваат да работат на сериозни стории каде што има големи криминали?
Затоа што во оваа држава не функционира системот.
Затоа што за банална работа мораш да се јавуваш и да ургираш. Затоа што секој на секого му должи нешто.
Затоа што обвинителството спие, а судот рекетира.
Затоа што немате на кого да му се јавите кога ќе отидете утре во Детска клиника.
Затоа што нема ваучер од 6000 денари за во Филип Втори.
Затоа што ги научивте да им давате пари за секој преглед, а кога јас ќе отидам со празни џебови и немам за да му дадат ќе ме остават да умрам пред клиника.
Зошто еден млад новинар да се замара со тон “експерти за морал и етика“? Зошто да трча по криминалци кога тоа не го прави обвинителството?
Ех мои драги сограѓани, колку било важно како се вика тој што краде, а колку не било важно дека се краде.
Многу ми е битно мислењето на јавноста ама тие што демек го креираат јавното мислење се во гомна до гуша.
Поважно од тоа да се биде чесен едноставно нема! Може да се дебатира за мојата професионалност, способност, начинот на кој се обидувам да ги прикажам работите но не може и никогаш нема да може да се дебатира за мојата чесност.
Има многу добри млади новинари во оваа држава, охрабрете ги, дајте им мотив да работат ЗА ВАС.
Не може да си добар во професијата ама да крадеш. Едноставно овие две работи не идат заедно. Со турски серии и српски турбофолк емисии нема да го подобриме квалитетот на нашите животи. Само преку силно новинарство и силна контрола над работата на институциите пред се, може да зборуваме за европска иднина.