Директорот на Гранд, Саша Поповиќ, во емисијата „Balkanskom ulicom“ открил досега непознати детали од својот живот, а она кое најмногу не изненади е токму посетата кај баба Ванѓа.
Покрај Саша, и целата група „Слатки грех“ ја посетила баба Ванѓа, па тогаш и на Лепа Брена и ја предвидела судбината.
Според директорот на Гранд, баба Ванѓа го предвидела распадот на нивната позната група, но и точното време кога ќе се случи тоа.
„Бевме кај Ванѓа на посета. Точно е тоа што го кажа! Јас седнав пред неа, а таа ми кажа да ги тргнам очилата, на мое убедување дека не носам очила, таа кратко кажа „сега ќе те исфрлам надвор, извади ги очилата“.
Потоа кажа „Деца, ова е прекрасно, се е убави, но вие следната година нема да постоите“, а потоа ми го раскажа и цел живот. Ајде сега да не раскажувам.
Се ми кажа како че биде и што ќе биде, и точно е како што ми кажа. Дури ме праша и дали сакам да знам кога ќе починам“. истакнал Поповиќ.
На прашање од водителката дали сега се знае, тој одговорил потврдно.
„Да. Сега се ми е бистро. За пет минути ми го раскажа цел живот и кажа „Добро памти што ќе ти кажам“ Зборуваше малку на српски, малку бугарски, затоа што е од Струмица. Родена е таму, одела во училиште таму“, посочил тој.
Саша Поповиќ кој со години е директор на “Гранд продукција”, скромно истакнува дека по ништо не се разликува од многумина.
Јас не би рекол дека имам нешто што другите немаат. Можеби истрајноста, упорноста, желба да се биде поинаков, едноставен. Можеби поради тоа што сакам ред и дисциплина. Не знам дали е тоа клучот на успех”, рекол Поповиќ во интервју за српските медиуми.
Со сопругата Сузана успешно функционира повеќе од 22 години брак, а открива и детали од заедничкиот
живот.
Сопругата ме вика Циле,мајка ми ме викаше Цалика, и сестра ми исто така. Секакви прекари ми даваа. Не секогаш сум водел луксузен и богат живот, како што мислат многумина, Имав и јас тешки моменти.
После големиот успех со Брена и “Слати грех” како дојде до војна така и се распаднавме. Некое време ништо не работевме. Јас смислив како да егзистирам, го продадов станот во Нови Сад, купив кола ја земав заштедата и ги ставив во банката на Дафина.
Се сеќевам 10 март 1993 година пукна аферата со Дафина, пукнав и јас. Исчезна се. Живеев во солитер покрај автопат на 12 кат во стан од 17 квадрати.
Тука останав три години. Во меѓувреме ја покренавме “Продукцијата Зам”, каде што бев музички уредник, компонирав песни, добро заработував а потоа во 1998 година Брена и јас го формиравме “Гранд”, раскажал Поповиќ.