Бидете подготвени: Следува голема промена на времето – ЕВЕ ОД КОГА

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло, попладне со мала облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и посвежо време.

СПОРЕД досегашните прогнози на www.accuweather.com во текот на првата недела од ноември се очекува засилен удар на антициклонот, па се прогнозира стабилно и суво време кое ќе биде придружено со натпросечно високи температури. за овој период од годината.

Во првата декада на ноември не не очекуваат утрински мразови, ниту на планините снег, додека во втората и третата декада ќе има од два до осум мразни денови во пониските предели.

Во Македонија се очекува топол ноември со просечна температура на воздухот и до еден степен над повеќегодишниот просек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде