Верниците денеска го слават Свети Василиј Острошки – голем чудотворец, чии мошти се чуваат во манастирот Острог во Црна Гора.
Православните верници го почитуваат и слават овој светец, а неговите безброј чуда се прераскажуваат низ светот.
Во манастирот Острог доаѓаат луѓе од друга вероисповед, меѓу кои има и муслимани кои бараат спас и исцеление од моштите на Василије Острог од тешките болеcти и маки кои ги снашле.
Свети Василије Острошки (Јовановиќ) е роден во селото Мркоњиќи, Попово Поље во Херцеговина, Република Српска.
Оттаму отишол во Успенскиот манастир на Пресвета Богородица во Требиње, каде што се замонашил и го започнал подвижничкиот живот.
Како епископ захумљско-херцеговски и скендериски живеел во манастирот Тврдош, служејќи ѝ на православната вера и заштитувајќи ги своите верници од турската суровост.
Кога Турците го уништиле Тврдош, Василије се преселил во манастирот Острог, каде го продолжил својот подвижнички живот и каде умрел во 1671 година во својата ќелија.
Од карпата покрај која почива, подоцна израсна лоза, иако во карпата нема земја. Кога почина Василије, неговата ќелија беше осветлена. Тогаш луѓето почнаа да доаѓаат на неговиот гроб и да се молат.
Во февруари 1942 година, при бом6ардирањето на манастирот Острог, граната од германски планински топ yдрила во камениот ѕид над Горниот манастир, ја скршила вратата на црквата Свети Крст, но не екcплодирала.
Гранатата се распарчила на два дела. Подоцна вештачењето утврдило дека гранатата била целосно иcправна. Очигледно е дека Светителот тоа не го дозволи. Оваа граната се уште се чува во Горниот манастир.
Во некои прилики во манастирот се открива раката на свети Василиј Острошки додека верниците ја бакнувале.
Се зборувало дека свети Василиј им ја мрднал раката на грешниците на кои не сакал да им прости за да не ја бакнуваат.