Снег утрово падна на Завижан, планински врв во Хрватска. Според Државниот хидрометеоролошки завод измерени се три сантиметри снег.
Температурата е -1 и врне снег. Но, ова не е првпат снег на Завижан да падне годинава, бидејќи падна и во септември.
Снег се очекува во највисоките планински предели, додека температурите во другите делови на Хрватска се уште се над просекот.
На море е до 20 степени Целзиусови, додека на копно 15 степени.
Во источна Хрватска претежно облачно, повремено со врнежи од дожд.