Денес ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд.
Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни.
Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец.
Во Скопје претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.
Под влијание на циклонска активност, денес и утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено во текот на ноќта и утре претпладне. Денес ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец.
Дневната температура утре значително ќе опадне. Од понеделник времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини.