Сопственикот на првиот приватен Универзитет ФОН, сега веќе Американски универзитет на Европа (АУЕ) е Сефер Цаноски, е еден од нашите најпознати бизнисмени. во една прилика, тој зборуваше за конкурентноста на пазарот.
„Не е коректно кога државата ги користи своите ресурси за да креира нееднаквост на пазарот, државата е должна да ни овозможи еднакви можности и третман на сите високообразовни институции“, вели во интервју за „Фокус“, Сефер Цаноски.
Цаноски нагласува дека нивната цел е да се промени перцепцијата во јавноста дека приватните универзитети се супермаркети за дипломи и на него да студираат најдобрите, а не најбогатите студенти, изјави Цаноски во Фокус минатата година.
Во Струмица вќера ненадејно се упокои поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Ристо Масев-Ичо, јавија сношти струмичките медиуми.
Тој се упокоил вчера утрото на 67-годишна возраст. Масев беше пратеник во првиот состав на Собранието на независна Македонија.
Со проштална порака се јави и Ѓорѓи Спасов, поранешниот генерален секретар на СДСМ.
„Поч- ина, без болест и болка. Сосема изненадно, мојот пријател и другар од Струмица Ристо Масев. Многу Нови години дочекавме заедно и на многу летувања се дружевме.
Ичо беше прекрасен човек и личност со големо срце, со прекрасно големо семејство и многу, многу ќе ни недостасува на сите многубројни негови пријатели.
Како правник и член на СДСМ, беше пратеник во првото Собрание и беше почитуван од своите другари.
Искрено сочуствyвам со неговата сопруга Ленче, која е очен лекар, и со синовите Саше и Дени“, напиша Спасов.
Од Масев, се прости и бизнисменот Сефер Цаноски кој објави:
Прерано не напушти мој драг Ичо. Фамилија Масеви загубија одличен сопруг, татко и дедо.
Струмица и Македонија еден од најдобрите луѓе и еден од најврвните бизнисмени што сум ги запознал. Поч ивај во мир. Ќе фалиш премногу“, напишал Сефер Цаноски и објавил заедничка слика со Масев.