Страшно: Автомобил покоси жена на тротинет, со тешки повреди итно пренесена во болница

Повреден е 59-годишен возач на тротинет кога на него налетал автомобил. Сообраќајната несреќа се случила на улицата „Гоце Делчев“ во Скопје.

Возачот на тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, информира МВР.

„На 24.04.2023 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(46) од с.Батинци, скопско и електричен тротинет, управуван од Л.С.(59) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде