Светот во ШОК: Почина легендарниот пејач, актер и активист

Хари Белафонте, кој владееше со топ листите и ги разбиваше расните бариери во текот на 50-тите години од минатиот век,

но беше и активист за човекови права, почина во својот дом на Менхетен во 97 година од животот, пренесува „Њујорк тајмс“.

Затајување на срцето е причина за смртта, рече неговиот долгогодишен портпарол, Кен Саншајн.

Во 60-тите години од минатиот век, Белафонте сними неколку албуми во живо во Карнеги Хол, а истовремено стана и амбасадор на УНИЦЕФ, заложувајќи се во борбата против апартхејдот во Африка.

Во раните 60-ти години работеше и со Мартин Лутер Кинг Јуниор за време на движењето за граѓански права во САД.

На почетокот на музичката кариера беше познат како „Крал Калипсо“. Важеше за прв афроамериканец на кого му беше дозволено да настапува во бројни елитни клубови во САД.

Имаше и впечатливи пробиви и во филмови во време сегрегацијата преовладуваше во најголем дел од САД.

Роден како Харолд Џорџ Беланфанти во квартот Харлем во Њујорк, се пресели на Јамајка пред да се врати во САД да посетува средно училиште.

Својот татко во една прилика го опиша како насилен алкохоличар кој ги напуштил заедно со мајка му. Силата, како што истакна, ја црпел токму од неа, која била необразувана куќна помошничка и која му го всадила активистичкиот дух.

Во 2014 година доби Оскар за својата хуманитарна работа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде