Хит на денот: Ковачевски го „пецна“ Апасиев – „Добар ден лидеру на опозицијата“

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната седница за пратенички прашања во Собранието го поздрави претседателот на Левица, Димитар Апасиев, како лидер на опозицијата.

„А, еве дојде лидерот на опозицијата. Добар ден господине Апасиев“, му рече Ковачевски.

Премиерот водеше жестока дебата со опозициските пратеници за договорот од 1,3 милијарди евра со Бехтел и Енка за изградба на четири автопатски делници.

Ковачевски од говорницата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им рече дека „ќе биде премиер до 2028“.

-Предете како мачиња во американска амбасада. Апасиев ја води дебатата и постапките на вкупната опозиција. Дали проектот ќе биде во побрзно или споро, зависи од блокадата на вашиот шеф Аапасиев, а вие ја поддржувате.

Во Американска амбасада викате се поддржуваме, а овде викате Левица ги поднесе амандманите…Затоа еднаш ќе си застанете цврсто. Како што требаше да го поддржите Договорот за ФРОНТЕКС и да го поддржите патот на земјата кон ЕУ, така треба и за ова. Не заслужуваат граѓаните на североисточниот регион, на Струга, Кичево…

Слушам таму некој вика Коридорот ќе бил граница. Кај се видело Коридор да биде граница? 30 години немаме Коридор 8. Чиј монопол штитите со ова? Зошто да немаме инвестиции во градовите кои немаат автопатишта?, рече Ковачевски од собраниската говорница, како одговор на прашањето на пратеничката Ели Панова.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде