Почина 67-годишен кичевец, кој додека управувал електричен мотоцикл, му се слошило и паднал, објави МВР.
„Вчера, на улицата Партизански одреди во Кичево, на Е. Д. (67) му се слошило додека управувал електричен мотоцикл, без регистарски ознаки, по што паднал. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат МВР.
Денес од МВР објавија и уште една тажна вест, пронајдено беше безживотно тело на 25-годишен гостиварец во Вардар, а стануваше збор за исчезнато момче.
Телото на 25-годишниот гостиварец, кој 17 дена беше исчезнат, денес било пронајдено во водите на Вардар, кај селото Јурумлери, Скопско.
По преземените мерки, телото било извадено и било утврдено дека станува за збор за А. И. (25) од Гостивар, кој на 10 април годинава бил пријавен за исчезнат, објави МВР.