На почетокот на мај Меркур сè уште ќе биде во ретроградна фаза, но кон средината на месецот ќе почне да излегува и полека ќе нѐ напуштат неговите влијанија.
Мај е месецот кога ќе се присетиме што сме направиле во минатото, ќе го анализираме до сега наученото и ќе почнеме да ги применуваме лекциите. Затоа ова е период на акција, шанси кое се вредни за прифаќање, но и голема промена.
Астролозите истакнуваат дека некому му претстојат подеми и падови и важни промени во работата, кариерата и финансискиот сектор. Некој ќе има среќа во неговиот личен живот и во сферата на комуникација со другите луѓе.
Ова се знаците од Зодијакот кои ќе направат животот да блесне во нови бои на среќа во мај 2023 година.
Овен
Ве очекува одличен период кој ќе влијае на сите области од вашиот живот. Особено ве очекува среќа во финансиите. Имате големи шанси да ги зголемите приходите и да добиете нови проекти. Храбро прифатете ги сите понуди и не плашете се да донесувате важни одлуки поврзани со вашиот приватен, особено љубовен живот.
Близнаци
Подгответе се за многу значаен и радосен период. Се препорачува да не ја заборавите и „здравата себичност“. Посветете се и одморете се, бидејќи на крајот на пролетта ќе имате многу можности за акција. Ако се потрудите на деловен план, ќе имате можност да остварите и стар сон.
Лав
Оставете ги настрана сите несигурности и сомнежи. Во мај ќе ви требаат упорност и храброст.
Така другите ќе можат да го видат вашиот потенцијал и сите ваши квалитети.
Во вашето опкружување ќе се појават сосема нови луѓе кои ќе донесат многу среќни моменти. Окружете се со луѓе кои ви пренесуваат позитивна енергија.
Девица
Треба да направите избор на почетокот на следниов месец и тој најверојатно ќе биде успешен.
Добри вести ве очекуваат и на професионален план.
Најверојатно ќе бидете унапредени или ќе добиете покачување на приходите. Ќе почувствувате општо олеснување и позитивни вибрации.