56-годишен Албанец купил 8-годишно дете за 900 евра и го терал да проси

56-годишен Албанец е уапсен од грчката полиција. Тој се сомничи дека „купил“ осумгодишно дете и го принудил да проси во Атина.

Грчките власти добиле меѓународна потерница за мажот кој претходно бил осуден за трговија со луѓе.

Тој набрзо бил пронајден и уапсен во Патисија.

„При апсењето не пружил отпор“, соопшти полицијата, пренесува грчка „Прототема“.

56-годишникот се товари дека купил дете од сиромашно семејство во Албанија, поточно во Тирана и за него платил околу 900 евра.

Tој го принудил да проси во централните делови на главниот град.

Веќе се започнати постапки за екстрадиција на уапсениот во Албанија. Сепак, грчките власти се уште не знаат што се случило со 8-годишното дете.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде