Нови детали за случајот кој ја потресе Македонија: Децата силувачи имале осум и десет години

Само 8 години било старо детето кое било силувано од двајца други малолетници, дознава Телма од извори во истрагата за ова злосторство.

Напаѓачите односно силувачите имале 10 и 13 години. Тие грозоморниот чин го снимале на мобилен и потоа го праќале на своите другарчиња. 

За среќа видеото не е објавено на социјалните мрежи. Кога дознала, мајката на силуваното дете веднаш го пријавила случајот во полициската станица Битпазар.

-Преземени се соодветни мерки и активности и веднаш во полициската станица извршен е службен разговор со малолетниците, но и со родителите затоа што станува збор за  малолетници кои се под 14 години. Случајот е документиран и поднесен е соодветен поднесок до обвинителство. Отсега случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи, вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Родителите на силувачите биле повикани во станица, а известен е и Центарот за социјални работи.

Од Центарот за Телма велат дека веднаш разговарале со децата. Отсега центарот ќе работи и со децата и со нивните родители.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека ова не е прв ваков случај и апелираат до родителите повеќе да внимаваат што прават нивните деца користејќи ги социјалните мрежи.

Извор: Телма.тв

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде