Владимир Кецмановиќ, радиолог и татко на малолетниот масовен убиец Коста, кој уби девет лица во ОУ Владислав Рибникар денеска се обидел да се самоубие во ќелијата.
Како што пишува српски Информер, Владимир се залетал во ѕидот и со сета сила удрил со главата.
Чуварите итно го префрлиле Владимир во затворската болница, која се наоѓа во Централниот затвор на улицата Бачванска во Белград.
Според Информер, таткото на Коста моментално е на преглед и засега не се знае неговата состојба.
Инаку, Владимир е уапсен само неколку часа откако неговиот син извршил невиден масакр, пукајќи од оружјето на татко му,
а Коста веднаш по злосторството завршил во психијатриска болница, бидејќи се уште нема 14 години и кривично е неодговорен.