Тажна вест: Почина познатата македонска докторка

Иванка Ина Василевска, сопатничката на Борис Дамовски, објави дека на Клиниката за торакална хирургија, починала д-р Лукија Дамовска, педијатарка која животот го посвети на својата професија и на заштитата на здравјето на децата.

„ Со огромна тага и неверување ве известуваме дека синоќа, на клиниката за торакална хирургија се упокои мојата свекрва и мајка, д-р Лукија Дамовска.

д-р Лукија беше и секогаш ќе остане силниот стожер на нашата фамилија.

Целиот свој живот го посвети на својата професија и до самиот крај беше активно вклучена во развојот и заштитата на здравјето на децата, бидејќи педијатријата и беше не само професија, туку и животна цел.

Нејзината љубов за своите синови, внуците, за Марија, за Ружица и за мене беше безусловна.

Нејзините совети и нејзиниот пример за сите нас ќе останат како непроменлива вистина која секогаш изобилуваше со хуманизам, со алтруизам и со непоколеблива снага дека секогаш мора да се стремиме кон подобро и воедно да простуваме, да живееме спокојно и да му се радуваме на животот.

Нејзиното заминување од овој физички живот не ја менува нејзината сеприсутност, затоа е неискажлива болката што ја чувствуваме од нејзиното отсуство во нашите животи.

Слава ѝ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде