Тони Михајловски „удри“ по ВМРО-ДПМНЕ: Полни се со неспособен кадар

Познатиот македонски актер синоќа беше на гостување во емисијата Тешки муабети на Инфомакс каналот.

„Негативна селекција има кај нас, во Југославија имаше ама не беше толку изразена, таму имаше шанса дете од работничка фамилија да успее во животот, да стане доктор, правник…

Ова сега е по партиски клуч, или си левичар или десничар и има анимозитет кон противниците, вели актерот Тони Михајловски во емисијата Тешки муабети на Инфомакс.

-Јас сум пред времето, еве на пример јас уште од сега сум скаран со следниот премиер, не знам кој ќе биде тој, ама скарани сме. Не мислам дека во скоро време да се смени овој премиер, но скаран сум со него a priori.

Јас не сум во партија, се тргнав сам, они ми покажаа дека нема место за мене таму. Кај нас се злоупотребува и јас имам чувство дека ме злоупотребуваа за сопствени цели. Мене најмногу ме нервира злоупотребата и предавството, тие одат рака под рака.

Во партија тешко успева човек кој ќе дојде со надворешна кариера, мојата кариера ни 1% не е во партија изработена, таму 90% се луѓе кои немаат еден ден работен стаж. Таму нема искрени луѓе, не сакаат да влезат квалитетни луѓе за да не се покаже нивниот неквалитет.

Треба да не’ водат националните интереси, не личните интереси, вели Михајловски.

Извор: Инфомакс.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде