На Ковачевски му „пукна филмот“: Бугарија се однесува како Русија!

Бугарија кон Македонија се однесува како Русија кон Ураина, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на Самитот на Советот на Европа во Рејкјавик.

Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Советот на Европа што се одржува во Рејкјавик.

Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа.

-Да заклучам со следново. Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој руската федерација го користи кон Украина.

Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права.

Сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права, истакна македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде