Македонија тагува: Почина познатиот доктор, доајен на македонската хирургија и основоположник на современата македонска торако-васкуларна и кардиохирургија

Вчера, во Скопје, по кусо боледување, почина проф. д-р Димитар Кафтанџиев, доајен на македонската хирургија и основоположник на современата македонска торако-васкуларна и кардиохирургија.

Проф. д-р Димитар Кафтанџиев бил раководител на тимот, кој пред 50 години, на 30. мај 1973 година ја извршил првата операција на отворено срце во државава.

Извршувал повеќе општествено-стручни и раководни функции. Бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на клиниката за торако-васкуларна хирургија, како и директор на Хируршките клиники при Медицинскиот факултет во Скопје.

Автор е на две монографии со наслов ,,Рак на дојка” и ,,Рак на тиреоидна и паратиреоидни жлезди”, како и на многубројни стручни и научни трудови, презентирани во земјава и во странство.

Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои, Орденот за заслуги за народ со сребрена ѕвезда на СФРЈ, Државната награда ,,11 Октомври”, како и наградата на град Скопје ,,13 Ноември”.

Посмртните останки на проф. д-р Димитар Кафтанџиев ќе бидат погребани утре, на градските гробишта ,,Бутел” во Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде