Трагедија го потресе регионот: Познатиот јутјубер пронајден мртов

Српскиот јутјубер Мирко Рашиќ (33), попознат како „Неовластен сервисер“, денеска бил пронајден мртов во белградската населба Сурчин. Телото го пронашол негов колега, објави српски „Курир“.

Имено, Мирко Рашиќ беше автомеханичар по професија, кој имаше свој канал на платформата Јутјуб. Таму објавуваше содржина за автомобили, совети за тоа како да се избегнуваат оштетувања на возилата и сл.

Благодарение на својот татко, тој почнал да се занимава со овој занает уште од рана возраст.

Јутјуберот имал свој автомобилски сервис во Нов Белград, кој го отворил на 27 години, бидејќи по завршувањето на студиите решил да ѝ се врати на механиката.

Правејќи го тоа што го сака и споделувајќи го своето знаење, тој привлече големо внимание на социјалните медиуми.

Неговиот канал на Јутјуб имаше повеќе од 140 илјади претплатници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде