Во селото Глобочани, Албанија вчера по повод Денот на Св. Кирил и Методиј,
беше промовирана книгата „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“ од доц. д-р Бранислав Светозаревиќ.
Настанот беше во организација на македонското друштво „Сонце“ и Општина Пустец, а се одржа во спомен музејот „Стерјо Спасе“ во селото.
Светозаревиќ имаше и дуел со бугарски новинари, а видето од истиот стана хит на социјалните мрежи.