Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу три возила во Битола.
Според информациите, несреќата се случила вчера утрото на ул.„Филип Втори Македонски“, меѓу три патнички моторни возила со битолски регистарски ознаки, и тоа:
„шкода“, управувана од Б.Ј.(18) од Битола, „опел“, управуван од В.Г.(67) од с.Крклино, битолско и „ауди“, управувано од Т.К.(45) од Битола.
Во несреќата, возачот Т.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетник од Битола, сопатник во возило „шкода“, како и сопатниците во возилото „ауди“,
Н.Н.(44) од с.Живојно, битолско и З.С.(54) од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.