Ќе се разочарате: Славчо Попоски ја објави летната метео прогноза

Според денешните најнови метео анализи кои ги направивме за претстојното лето, укажуваат на тоа дека нема да имаме лето како што доликува, со вистински летни горештини, стабилно време и чести топлотни бранови, како што беше на пример минатото лето, вели Славчо Попоски во најновата метео анализа.

Оваа година месеците јуни, јули и август ќе поминат во знакот на МНОГУ НЕСТАБИЛНО време, како и со чести врнежи и грмежи, а постои опасност и од локални ПОПЛАВИ. 

Температурите ќе бидат околу, или под просекот за летниот период, односно не очекува посвежо лето.

Поплави освен кај нас во Македонија, можни се и во целиот регион, а временските непогоди кои се очекуваат би можело да направат и поголеми штети.

Ова лето постојано територијата на Македонија, како и на целиот Балкански Полуостров ќе бидат под влијание на циклонски активности, како и на влажни и нестабилни воздушни маси. 

Граѓаните да се навикнат на честите временски непогоди, како и на секојдневниот дожд.

Температурите ова лето ќе бидат далеку пониски за разлика од изминатото лето, а за првиот голем топлотен Африкански бран ќе се изначекаме. Истиот го нема во најава и во јуни месец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде