СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Перу
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Перу, соопшти Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил девет километри југоисточно од перуанскиот регион Мака во провинцијата Каилома, а на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.
Засега нема информации за материјална штета или жртви.