19 годишно лице од струмичко креирал лажен профил на име на поранешната сопруга а потоа објавил и компромитирачки фотографии од неа
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.Б.(19) од с.Ангелци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот на социјалната мрежа Фејсбук креирал лажен профил на име на негова поранешна вонбрачна сопруга и поставил компромитирачка фотографија од неа.