Љубчо распали: Што е Ламбе Арнаудов?! – Некогашен кодош-првокатор? – Денешен лицемер?

Фејсбук статус на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски.

„Ламбе Арнаудов мојот поранешен пријател, барем 25 години со кој понекогаш поминувавме и цели денови. По шести пат и најотровно на ТВ Алфа удри по бугарофилите и бугарските предавници!

Го гледам и се прашувам, тоа истиот ли е Ламбе што 25 години зборува за општата историја со Бугарија, за неговото бугарско чувство, против србоманите во Македонија.

За дедо му, за татко му заради чие јавно декларирање за Бугарин живееле во тешко сиромаштија. За тоа како бил најдобар по математика ама учителите не му ставале 5 оти семејството му се декларирале за бугари.

Ламбе кој се гордееше со ќерка му оти јавно се расправала со учителка за фалсификатите по историја.

Во минато многу вмровци добија етикета бугарофили, но ниту еден немаше толку голема потреба да зборува за општата историја како Ламбе, тој зборуваше во секоја пригода за тоа и го убедуваше секого.

Што е Ламбе Арнаудов?!

– Некогашен кодош-првокатор?

– Денешен лицемер?“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде