Неофицијално: Убиениот во пукањето во Приштина е македонски државјанин, се шпекулира дека учествувал во убиството во Шиша Бар

Автомобил со македонски регистарски ознаки доцна синоќа се нашол под огнена канонада од автоматско оружке на сред Приштина, а во инцидентот убиено е едно лице кое било во македонското возило.

Веста за KALLXO.com ја потврди портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети.

„Денеска околу 20:00 часот имало дојава за пукање што се случило на улицата „Ц“ во Приштина. Полицијата излегла на местото на настанот и од првите информации добиени од лекарите од Итната помош било потврдено дека едно лице е без знаци на живот“, рече таа.

Таа најави дека полицијата продолжува со работа со дејствија на увид на местото на настанот како и со други оперативно-истражни дејствија за откривање и лоцирање на осомничените во случајот.

Неофицијално, убиениот е чаирчанецот Д.Б кој бил повратник од Авганистан и Сирија, припадник на Ал Каеда, обвинет за недозволено држење на оружје, избеган од домашен притвор и се шпекулира дека е еден од убијците во двојното убиство во Шиша Бар во скопската чаршија, за што чекаме официјална потврда од Министерството за внатрешни работи.

Автомобилот со кој Д.Б влегол на косовска територија неофицијално е во сопственост на Д.Т, а границата ја поминал со документација на Д.Т.

Извор: Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде