На 04.06.2023 година бил приведен поранешниот пратеник на СДСМ и актуелен директор на Македонија Пат, Костадин Ацевски, пренесува Инфомакс.
Според првичните информации Ацевски бил приведен во полициската станица во Ѓорче Петров.
Во телефонски разговор со Инфомакс, екс-пратеникот и директор на Македонија Пат објаснил дека откако излегол на терен на интервенција за асфалтирање на улица во Волково, неговите колеги со себе не носеле лични карти.
– Ги земав колегите со мене, излеговме веднаш на интервенција во Волково кадешто требаше да асфалтираме, по што наиде полиција, којашто се обиде да не’ легитимира.
Моите колеги не ги носеа своите лични карти по што заедно со полицијата отидовме во ПС Ѓорче Петров на утврдување на идентитет, вели Ацевски за Инфомакс.