Сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп од 7:20 часот е во целосен прекин поради обилни врнежи од дожд и излевање на Раечка Река, кај село Раец.
Како што информира АМСМ, на клучката кај местото викано „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи.
Се преземаат мерки за расчистување.
Алармантна е состојбата кај Плетвар – водата носи се пред себе, има и свлечиште, а сообраќајот е во прекин.
Од Македонија пат велат дека поради обилни врнежи и поројници кои носат материјал на коловозот сообраќајот на магистралниот пат А1 Кавадарци – Прилеп кај селото Дреново, сообраќајот е во прекин.
Видеото погледнете го на следниот линк.
Фото и видео: 4News