Во тешка сообраќајна несреќа меѓу Форд и Ауди синоќа кај Бачка Топола загинаа возачот Горан П.(40) и сопатникот Ѓерѓ К.(53).
Како што неофицијално пренесуваат српските медиуми, тие се враќале од „Мотокросот Бачка Топола 2023“ што вообичаено се одржува од 16 до 18 јуни на брегот на градското езеро Бачка Топола.
Несреќата се случила околу 1 часот по полноќ на патот Бачка Топола – Суботица.
До судирот дошло бидејќи Горан П. не го почитувал сообраќајниот знак „стоп“ (задолжително застанување) кога дошол на раскрсницата, туку влегол во неа и удрил во „аудито“.
Од силината на ударот двете возила излетале и во таа прилика од „форд фиестата“ испаднале Горан П. и Ѓерѓ К., кои од здобиените повреди починале на лице место.
Во второто возило со полесни повреди се здобиле три млади жени.