Вонредна вест: Безживотно човечко тело се движи по површината на реката Вардар

Вонредна вест: Безживотно човечко тело се движи по површината на реката Вардар

Регионалниот ЦУК Велес известува дека е забележено безживотно човечко тело во реката Вардар, кај с. Уланци, Општина Градско.

Oд страна на СВР Велес, полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови но безуспешно,

па поради големиот водостој безживотно тело се движи кон Општина Неготино.

Да потсетиме, продолжува потрагата по трите лица по вчерашната сообраќајна несреќа во која возило од марката БМВ, со косовски регистарски таблички, заврши во реката Лепенец.

Станува збор за четиричлено семејство, а од водите на реката Лепенец е извлечен само 21-годишниот Ш.П. кој со телесни повреди е пренесен во ГОБ „8 Септември“.

Спасувачките екипи и денеска се излезени на терен, во обид да ги пронајдат неговите родители и брат кои биле во автомобилот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде