Полицијата во Пула вчера околу 15 часот добила пријава дека итната медицинска помош му помага на детето кое паднало во базен во дворот од куќа на Медулинска цеста во Пула.
И покрај напорите на лекарите, детето починало. Наредена е обдукција и истрагата е во тек. Хоророт наводно се случил на роденденска забава.
Како што неофицијално дознава Глас Истра, трагедијата се случила за време на роденденска прослава.
Момчето си играло со други деца, а само еден момент на невнимание бил доволен да предизвика трагедија.