Голема трагедија ја потресе Македонија: Во сообраќајка загина младо момче

На 18.06.2023 околу 15.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – с.Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица,

управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот.

Во несреќата А.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Денеска, со почеток од 10:00 часот, беше одржана вонредна Седница на Советот на општина Македонска Каменица, каде советниците едногласно донесоа Одлука за прогласување на Ден на жалост во нашата Општина.

Одлуката за Ден на жалост, како што инфирмираат од Советот на Општината, е донесена поради трагичниот настан во кој вчера животот го загуби наш млад сограѓанин. 

За Ден на жалост се прогласува утрешниот ден, 20. Јуни 2023 година, вторник.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде