Македонската репрезентација го доживеа најголемиот и еден од најсрамните порази во историјата на македонскиот фудбал.
Вчера на „Олд Трафорд“ репрезентацијата на Англија не декласираше со високи, срамни 7-0.
Јавноста овој резултат го дочека со многу критики, пред се за улогата и одговорноста која треба да ја има тренерот Милевски, но и целокупното раководство на ФФМ.
И додека нашата селекција губеше со 7-0 луѓе од ФФМ не се срамеа да објават фотографии и да се пофалат дека на „Олд Трафорд“ уживаат во ложата и пијат сортни вина.
До нашата редакција пристигна фотографија, која е објавена на Инстаграм и на која се членовите на Управниот одбор на ФФМ, Борче Лазаревски, Марјанчо Стојкоски и Владимир Гашевски, сите членови на Управен одбор на ФФМ. (во прилог подолу фотографии од официјален сајт на ФФМ).
Фото: Инстаграм, ФФМ