Малолетник бил удреден со возило на „Партизанска“ во Скопје.
Според записникот на МВР на 19.06.2023 околу 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“,
патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Тој веднаш по несреќата бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопштија од полицијата.