„Беше неверојатен новинар, писател, сопруг, татко и пријател“: Тажна вест го потресе светот, почина познатиот новинар Реј Стјуар

Познатиот новинар, репортер и водител Реј Стјуарт почина на 56-годишна возраст. Веста за смртта на Стјуарт ја потврди неговиот пријател и колега Стивен Џердин.

„Мојот најдобар пријател Реј Стјуарт почина по боледување, имаше само 56 години. Беше неверојатен новинар, писател, сопруг, татко и пријател.

Сите мои мисли денеска се со него и неговото сакано семејство“, напиша тој на Твитер.

Реј Стјуарт работеше како новинар и репортер повеќе од две децении, а голем успех постигна кога стаса до „Ес-ти-ви“, шкотскиот бесплатен јавен телевизиски канал, како и ГМТВ.

Подоцна стана консултант за комуникации, работејќи во различни области, вклучително и владата и претпријатијата.

„Ужасни, ужасни вести кои денеска предизвикаа многу тага во ‘Ес-ти-ви’. Сакав да работам со Реј. Секогаш професионален, но никогаш себеси не се сфаќаше премногу сериозно.

Многу забава и апсолутен џентлмен. Ох, и тој глас, многу ќе му недостасува“, напиша кратко уредникот на вестите на „Ес-ти-ви“, Никола Кејн.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде