САД се наш најголем стратешки партнер и сојузник и нивните ставови не само што ние во ДУИ ги почитуваме, туку и ги сметаме за добронамерни, такви биле отсекогаш.
Секој успех на оваа држава носи печат и на САД, истакна на денешната прес-конференција во МНР, минситерот за надворешни работи на Република Македонија и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.
-ДУИ има јасни ставови по однос на владеењето на правото, по однос на борбата против корупцијата, начинот на кој работта носителите на јавни и партиски функции од ДУИ и таквите ставови се претворени во формални одлуки.
Јас ќе ве потсетам на две такви одлуки.
Одлука 34/16 на Централното претседателство на ДУИ за задолжителен ветинг на секој носител на јавна функција, претпочитано со меѓународна поддршка.
И одлука 35/16 на Централното претседателство за итна верификација на сите јавно изразени сомневања за носители на јавни и партиски функции.
Во врска со ставот на Стејт департментот ДУИ ги донесе следниве одлуки:
Прво, ДУИ бара институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко и за сите можни тврдења и информации што произлегуваат од ова.
Второ, ДУИ ја прифаќа одлуката на Рамиз Мерко за замрзнување на неговото членство во раководните органи на партијата, Централното претседателство, Генералниот совет на ДУи и ДУИ ја прекинува изборната активност во Општина Струга се додека не се создадат нови услови за тоа.
ДУИ ги повикува сите државни институции во соработка со меѓународната заедница да започнат истрага за сите политички партии, од претседателите до најниските ешалони бидејќи само на тој начин ќе може да се бориме против корупцијата и злоупотребата на темата во партиските препукувања, истакна Османи.