Двегодишно дете пукало со пиштол кон својата бремена мајка и ја убило заедно со нероденото бебе.
Ужасната трагедија се случила во малото гратче Норвалк, Охајо.
Се додава дека околу 13 часот на 16 јуни полицијата добила повик од 31-годишна жена која рекла дека „нејзиниот двегодишен син ѝ пукал во грб“, пренесува Си-Ен-Ен.
За време на разговорот со диспечерот, Лаура Илг рекла дека е бремена во осмиот месец.
Полициските службеници пристигнале на местото на настанот неколку минути подоцна, а мајката и синот, заедно со пиштолот, ги пронашле во спалната соба на горниот кат.
Жената била префрлена во болница каде што починала заедно со нејзиното неродено дете.