Од РЦУК Кочани, ТППЕ Кочани и Е-112 се добиени информации за поплавени објекти во градот Кочани како последица од поројниот дожд што го зафати градот.
ТППЕ Кочани имала неколку интервенции на испумпување вода од објекти (куќи) на улиците Роза Петрова и 1-ви Мај како и од деловни простории во Трговскиот центар.
Во моментов нејзини екипи се сеуште на терен каде интервенираат по потреба.
На улицата Кирил и Методиј во чија близина е градската болница и црква е забележана појава на водотек кој настанал од слевањето на водата од околните повисоки места.
Истиот претставува опасност од можно поплавување на објектите кои се наоѓаат во непосредна близина на оваа улица.
Видео ТУКА