Во Словенија дојде до тешка сообраќајна несреќа во тунелот Малечник поради судир на четири камиони, а во гаснењето на пожарот учествувале дури 120 пожарникари.
На социјалните мрежи се појави снимка од несреќата на која се гледа камион кој не држел дистанца и не ги почитувал сообраќајните прописи.
Во судирот учествувале четири камиони, а по судирот избил голем пожар.
Жртви нема, а едно лице е полесно повредено.
Едниот камион превезувал автомобили, а другиот калциум карбонат.
На лице место интервенирале 120 пожарникари од дури 33 возила.