Груби ја нарече Антикорупциска неспособна, па Ивановска се огласи со коментар

Вчера првиот вицепремиер Артан Груби во  „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека не верува во капацитетот на актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, што предизвика брза реакција од претседателката Билјана Ивановска.

„Деновиве ја отфрлија пријавата против мене во ДКСК на поднесокот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Огромно мнозинство од случаевите се или изгубени по административни постапки или отфрлени од судиите и се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен.

Нема ниту еден успех. Јас на времето ги интервјуирав и очекував повеќе.

Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето.

Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките“, рече Груби.Веднаш потоа на социјалните мрежи со краток коментар реагираше Ивановска.

„Кога се е наопаку, дното е на површина“, реагираше таа веднаш потоа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде